April 29, 2009

Лагите на бугаризмот 5

Лагите на бугаризмот 5

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/
Старословенскиот јазик бил старобугарски јазик
Бугарската историја тврди дека јазикот на Св. Кирил и Методиј бил бугарски, а глаголицата и подоцна кирилицата се бугарски азбуки. Но, со ваквите ставови, бугарската историографија е контрадикторна сама на себе. Од една страна вели дека бугарите биле први словени, а бугарската држава прва словенска држава, додека од друга страна според историските пишани и материјални извори, бугарските специјалисти за бугарска средновековна историја тврдат дека средновековните бугари биле турско племе со чисто турски јазик. И самата Бугараска Академија на Науките тврди: средновековните бугари се турци, со свој мајчин турски јазик (История на България. Т. II. С., издание на БАН 1981, стр.60).
Турскиот антропологичен тип и турскиот јазик на Бугарите не се поставуваат под сомнение; постојат неоспорни докази за турскиот карактер на стариот бугарски јазик, кои можат да се најдат по написите на вистинските Бугари, како Именикот на бугарските владетели, по пишувањата од византиските извори, но и по бугарските камени натписи од средновековието кои се на турски јазик (стр. 23-33 от Studia protobulgarica mediaevalia europensia. В чест на професор Веселин Бешевлиев. Велико Търново, 1992).
Во недостаток на свое писмо и кодифициран јазик, вистинските Бугари од првото бугарско царство како службен јазик го воведуваат грчкиот јазик. Подоцна, 993 година на преславскиот собор, бугарските болјари (туркобугарски властодршци), за официјален јазик го прогласуваат и словенскиот. Словенската азбука и јазик се кодифицирани 855 г., додека 40 години подоцна, туркобугарите го воведуваат тој јазик како службен во својата администрација. Но, воведувањето на словенскиот јазик како службен во Бугарија, не значи дека Бугарите се словенизирале. И Македонија во 2001 г. го воведе и албанскиот јазик како службен, но Македонците не станаа Албанци.
Како туркобугарите кои имале свој турски јазик (История на България. Т. II. С., издание на БАН 1981, стр.60.) го поставиле за службен туѓиот за нив, грчки јазик, така, истите во последната деценија на 9 век го воведуваат слoвенскиот за службен јазик. Но, вистинските турко-бугари не го говореле словенскиот јазик и турко-бугарскиот јазик бил жив сè до доаѓањето на турците во Бугарија, каде вистинските бугари се турцизирале т.е. се претопиле во османлии, а само мала група останале христијани, денеска познати како Гагаузи- православни турци кои живеат на територијата каде се населиле правите Бугари, во североисточна Бугарија. Имаме историски податок од 13 век од англискиот професор на оксфордиот универзитет др. Роџер Бакон (1211-1294), со највисока универзитетска титула Доктот Мирабилис, дека бугарите од денешна Бугарија говореле турски јазик. Но тој факт тој не го пренесол од некој друг извор, туку во 13 век лично ја посетил денешна Бугарија - Мала Болгарија (меѓу Стара Планина и Дунав) и вистинска азијатска Бугарија (Голема Бугарија), па во своето дело „Опус Мајус“ 1268 г. вели: „Мала Бугарија е во Европа и таму тие (бугарите) го говорат јазикот на болгарите кои живеат во Голема Болгарија, која е во Азија ("Kazan. The Enchanted Capital" (Flint River Press Ltd, London, 1995). Значи, словенскиот јазик никако не може да биде бугарски, а секако не во 10 век кога имаме постоење на турко-бугари, со свој бугарски јазик кои во својата држава прифатиле туѓи јазици за службени, прво грчкиот, а потоа словенскиот. Ако денешниве Бугари тврдат дека средновековниот бугарски бил словенски јазик, тогаш поправилно би било да велат дека бил грчки јазик, бидејки прво го прифатиле грчкиот за службен јазик.
Бугарскиот јазик, кој бил и е се’ уште е турски јазик, денеска се говори меѓу Бугарите во Болгаростан-Татарстан, Чувашија и неколку останати соседни државички каде живеат прави Болгари (турки народ). За себе тие прави Бугари велат дека се туркотатарски народ, па одтаму и името Татари за најголемата бугарска нација која живее во Татарстан. За изворен бугарски јазик се смета чувашкиот- оригинално наречен „Чăваш чěлхи“, кој припаѓа на групата источни турки јазици и се говори меѓу Болгарите (вистинските бугари) од Чувашија и Татарстан (види кај: 1. Chuvash language." Encyclopædia Britannica, 2. Ilminsky N.I., 1865, стр. 80-84, 3. Ashmarin N.I., 1902, стр. 123, 4. Rona-Tash А., 1973, стр. 149-156, 5. Kovalevsky A.P., 1956. Appendix. 108, 108-b итн. итн.).
Инаку, дискутабилно е дали е вистинско тврдењето на бугарската историографија дека на преславската конференција на туркобугариските болјари, словенскиот јазик е прогласен за службен. Прво словенско дело напишано во Бугарија е на Константин Преславски, моравски словен, кој од латинските свештеници е протеран, па спас бара во Бугарија, поточно Преслав и во исто време од Јоан Егзарх, кој бугарите ги нарекува „насилници словенски“. По прогласувањето на Симеон за бугарски цар 915 г., Константин Преславски и Јоан Егзарх изчезнуваат и воопшто нема словенско творење во Бугарија, ниту пак оставиле таму свои следбеници и ученици. Дури 4 века подоцна, во второто бугарско царство, во кое владееле романците т.е. власите, излегува 1273 г. првото словенско дело во Бугарија- „Трновско Евангелие“. Значи, говорењето на создавање некаква си бугаро-словенска нација е само говорење, празни зборови, оти историските извори такво нешто не познаваат. Доколку се создала нација т.е. народ на бугарските Анти (т.н.р. бугарски словени) со туркобугарите (правите Бугари) и овие последните биле словенизирани, ќе имавме словенска книжнина на територијата на права Бугарија, меѓу Стара Планина и Дунав, но немаме ниту едно дело од некој локален Бугарин во тоа време!
Евлија Челеби кој ја посетил североисточна Бугарија во 1651 г., територијата населена во 6 век со туркоБугари, вели дека е посебна област- (Гага) Узка Милет и вели дека таму луѓето носат татарска носија и се од татарско потекло; протоБугарите се Узи. Челебија, цела Добруџа ја представува како населена со турко-татарски народ, или мешавина од словено-татари. За Силистра вели дека е град на Татари, а за потсетување Силистра е центарот на средновековната бугарска црква. Освен Татари, Челеби вели дека во Добруџа има и Читаци- мешавина на Татари (прави Бугари, Челеби ги нарекува така поради правите Бугари од Болгаростан-Татарстан), Словени, Власи и Молдавци. Жените биле заблудени, но христијани, а ја населувале целата област на Добрич. Понатаму зборува за Делиорманци, исламизирани прави Бугари, кои не биле Османци, иако И тие како И останатите жители на Узка-Милет говореле турки јазик, различен од турскиот (османскиот) (“ЗА ГАГАУЗИТЕ” А. И. Манов., Музејна Библиотека, Варна).
Топонимите во североисточна Бугарија, исто така се чисто Турски како: с. Узлар, (уз-лар = узите), Хорозлар, Азаплар, Герзалар, Сонгулар, Сиахлар, Каспичан (едно од бугарските племиња), Кочулар, Дураклар, Гейкчилер, Болгарево, Бургас итн.
Бугарската официјална историја ги признава Гагаузите за најстари Бугари, дел од бугарската нација, но и туркобугарите од Бугаростан,Чувашија, руските степи итн. (Брошурка “БЪЛГАРИТЕ ИЗВЪН РЕПУБЛИКА БЪЛГАРИЯ’’Пламен Павлов, председател на Агенцията за българите в чужбина (август 1998 - март 2002 г., објавено од ВМРО Русе)).
Еве неколку примери од јазикот на вистинските Бугари, Гага-Узите:
GAGAUZ TÜRKLERİ (GÖKOĞUZLAR)
Ortodoks ayinler,
Verimli toprakların sunduğu şarap,
dilde,kültürde ve geleneklerde yaşayan görkemli geçmiş.
Anadolu Oğuzlarının hristiyan akrabaları..
Gagauzlar'ı Türk tutan en önemli unsurlar,
* İnat derecesindeki Türklük bilinci
* Türk dilinde yapılan ortodoks ayinler
Gagauzlar, 1000 yıllık ayrılığın ardından,Türk dünyası ile buluşuyor...
Гагаузкиот јазик спаѓа во истат група јазици како и чувашкиот (јазикот на Бугарите од Чувашија), татарстанскиот-болгарскиот (јазикот на Бугарите од Болгаростан-Татарстан), казачкиот јазик, турскиот, туркменистанскиот, узбескиот (Узбеките се бугарско племе), азербеџанскиот, киргискиот и јакут јазикот. Оригинално, гагаузкиот јазик бил пишуван со грчки букви, бидејки во бугарската држава на Балканот, која ја основа Хан Аспарух, како официјално писмо во средниот век го воведува грчкито. Дури во 20 век, Гага-Узите ја прифаќаат турско-латинската азбука и турското латинско писмо.
Јазикот на волшките Бугари, денеска Болгаростанци-Татарстанци од Татарстан е исто така турки јазик, но се пишува на кирилица од 1939 г.. Овој јазик е многу сличен на Гагаузскиот, оти Бугарите на Балканот се дојдени од денешен Татарстан, така што јазикот на вистинските Бугари од Татарстан (Волга) и Гагаузите имаат ист корен. Пример за болгарски-татарча јазик: интервју со татарскиот Председател, извадок од неговата ВЕБ страница: http://www.tatar.ru/president/vopros.php?lang=TAT. Еве еден друг пример за татарча, јазикот на Бугарите од Татарстан со латинска азбука:“Dungiz!!! Bashta Tatarcha soylesherge oyren. Annari Australia turinda uylarsin. Monda sinnen bashka da mankortlar kup. Hormet belen, Koala efende Ayuyev (The Tatar Gazzete, Editors Note, N 3-4, 18.04.2000).
Чувашите се Бугари од Република Чувашија и имаат исто потекло како и Бугарите од Болгаростан-Татарстан, Гагаузите (балканските Бугари) и Чувашија; и јазикот им е ист- туркобугарски. Самите Чуваши својата националност ја декларираат како бугарска.
Се наметнува прашањето: "Ако вистинските бугари говорат турки јазик, чиј е јазикот што денеска го говорат балканските Бугари? Не е можно само Бугарите од Чувашија и Болгаростан-Татарстан да се турки народ, со турки јазик, а балканските "Бугари", кои се дојденци од Волга, од денешен Татарстан, да не се турки народ. Гагаузите ете говорат ист јазик со Болгаростанците-Татарите и Чувашите, вистинските Бугари, имаат исти турки традиции и култура, па со сигурност може да се тврди дека тие се вистинските наследници на Бугарите на Хан Аспарух.
И сега, кога некој Бугарин зајдливо ќе ми рече Македонците се Бугари, јас му одговарам: дали си сигурен дека си ти Бугарин? Дали говориш гагаузка-туркче јазик, дали си азијат? После ова, бидете сигурни дека ќе го замолчите и најголемиот "Бугарин".

No comments: