March 19, 2009

Ѓурчин Наумов - биографија

Ѓурчин Наумов - Пљакот е крушевско-кичевски војвода, македонски револуционер и учесник во Илинденското Востание.

Роден е во село Сланско, Порече во 1850 (или 1851) година. Бил четник во четите на војводите Јордан Пиперката, Мирче Ацев и Никола Петров Русински. На 30 јуни 1902 година Окружниот комитет во Битола го назначува за крушевски војвода.

За време на Илинденското востанието, при ослободувањето на градот Крушево, Ѓурчин Наумов како стар и искусен војвода играл значајна улога во праврењето на планот за борбата и предводел 90 востаници. По востанието води битки со околните српски чети.

Херојски загинал во нерамна борба со помногубројниот турски аскер кај селото Слатина, Кичевско на 25ти октомври 1904 година.

No comments: