Ајде провикна се Иљо Малешевски

АЈДЕ ПРОВИКНА СЕ ИЉО МАЛЕШЕВСКИ

Ајде провикна се, леле провикна се,
леле провикана се Иљо Малешевски:
Кој си нема пуса тука нека дојде
тука нека дојде пуса да му дадем.

Кој си нема мардин тука нека дојде,
тука нека дојде мардин на му дадем.
Кој си нема сабја тука нека дојде,
тука нека дојде сабја да му дадем.

В Малешево да иде, с Турци да се бие,
с турци да се бие за нашата земја.
За нашата земја, за Македонија,
за Македонија земја поробена.

No comments: