Кој што ме чуе да пеам

КОЈ ШТО МЕ ЧУЕ ДА ПЕАМ

Кој што ме чуе да пеам,
тој мисли тага јас немам.
Јазе си пеам веселам,
тагите да ми поминат. x2

Оздола иде либето
со двајца верни другари.
Либето ми беше трендафил,
другари беа гранчиња. x2

Јазе на либе му зборувам:
дојди ми либе до вечер.
Дојди ми либе до вечер,
јас ќе те чекам под пенџер. x2

Либе ми вели говори:
не можам мила да дојдам.
Не можам либе да дојдам,
јас си заљубив друго либе. x2

Васка Илиева



Влатко Лозановски



Петранка Костадинова



Цане Николовски

No comments: