Ај, засвирете ми чалгии

АЈ, ЗАСВИРЕТЕ МИ ЧАЛГИИ

Ај, засвирете ми чалгии
една песна мераклиска!
Да се сетам на младоста,
да се врати в срце радоста.

Свирете ми чалгии!
Свирете ми се од срце!
Празник ми е на душата,
денес тажам за младоста.

Ај, засвирете ми чалгии
тешка песна како животот.
Очи солзи да наполнат,
душа моја да олеснам.

Свирете ми чалгии!
Свирете ми се од срце!
Празник ми е на душава,
денес тажам за младоста.

Јонче Христовски

No comments: