November 11, 2008

Димитар Поп Георгиев - Беровски

Димитар Поп Георгиев - Беровски (1840-1907)
Роден е во Берово во 1840 година. Основно образование завршил во Берово, а потоа учел во Одеската духовна семинарија (1858-1860). Потоа во Белград се запишува на военото училиште. Во 1865 год. се враќа во Берово и работи како учител. Таму зел активно учество во црковните борби против грчките фанариоти, со што се стекнал со голема популарност кај народот од Малешевијата. Наклеветен од грчките владици пребегнал во Цариград а потоа живее како нелегален во Солун.

Во Солун заедно со македонската патриотска интелегенција формира кружок, чија цел била организирање на востанија против турската власт.

Бил вклучен во организирањето на Разловечкото востание, а по неговото задушување се вклучил во организирањето на Кресненското востание (1878), при што бил избран за началник на Востанички штаб.

По неуспехот на востанието се префрлил во Ќустендил, каде живеел и работел се до својата смрт на 19 декември 1907 година.

Преземено од http://maleshevo.blogspot.com/

No comments: